Металург е фаворит на гостувањето кај Вардар

За денеска е предвиден еден натпревар од Женската лига кој според календарот би требало да се одигра во текот на викендот. Сепак, поради празниците тој меч се игра порано на договор на двете екипи и денеска Вардар ќе го пречека составот на Металург во рамки на 6. коло од Женската лига.

Ракометарките на Металург се фаворитки за победа и тука се очекува гостинките да бидат поблизу до триумф.

ЖЕНСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО

ВТОРНИК, 23 АПРИЛ

18:30ч

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

САБОТА, 27 АПРИЛ

15:30ч

СТРУЖАНКА – КУМАНОВО

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ПЕЛИСТЕР е слободен                     

ТАБЕЛА: 1. Металург 30 бода (325:265); 2. Куманово 22 (322:289); 3. Пелистер 15 (314:322); 4. Стружанка 12 (273:336); 5. Вардар 10 (304:326).