Металург ги „пали“ моторите на 25 јули, ќе се тестира против Мешков, Стеауа, Нексе…

Металург, под водство на новиот тренер Дамир Стојановиќ, подготовките за новата сезона ќе ги почне кон крајот на јули, најверојатно на 25 или на 26 јули. Неколку дена пред и после Илинден, Металург ќе тренира во Автокоманда, а потоа ќе замине за Копаоник, каде од 6 до 12 август ќе ги работи висинските и базичните подготовки.

Во текот на подготовките Металург ќе учествува и на два турнири. Најпрво ќе биде дел од турнирот на Чеховски Медведи, од 15 до 19 август, каде покрај домаќинот ќе настпат и Стеауа и Мешков Брест, а потоа ќе настапи и во Кањижа, од 22 до 25 август, каде ќе играат Нексе и Хапоел Ришон.

Последната етапа од подготовките Металург ќе ја одработи во Автокоманда. Обврските во македонската Суперлига ќе почнат со одигрување на првото коло, кое е планирано на 7 или 8 септември, но претходно ќе треба да се одигра Суперкупот, за чиј датум на одигрување ќе се постигне договор со Вардар.