Металург ги испоти шампионите на СЕХА на стартот од сезоната (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Првата пресметка меѓу Вардар и Металург во СЕХА-лигата во сезоната 2018/2019 заврши со победа на „црвено-црните“ од 34:28, а дуелот меѓу двата скопски ривали донесе големи возбудувања.

Металурзите беа одличен противник до 45 минута кога паднаа во ритамот и не можеа да го следат ривалот, па мораа да се помират со поразот. Вардар знаеше да го искористи ова и стигна до триумф.

Средбата имаше интересни периоди во кои Металург покажа дека знае како да се снајде против вардарци. Имаше расположени поединци кои се снаоѓаа пред голот на противникот, но искуството на Вардар пресуди во моментите кога падна ритамот на противникот.

Како изгледаше на теренот може да се види низ фотографиите на нашиот фоторепортер, а имаше многу интересни моменти.