Металург вчера се врати од Копаоник, утре патува за Русија

Тимот на Металург се врати од Копаоник, каде од 6 август ги мина висинските и базичните подготовки. Под водство на новиот тренер Дамир Стојановиќ ракометарите работеа една седмица, а денеска имаат слободен ден.

Веќе утре металурзи патуваат за Русија, каде ќе бидат дел од турнирот на Чеховски Медведи, заедно со домаќинот и со екипите на Мешков Брест и на Стеауа Букурешт.

Денешниот слободен ден, ракометарите на Металург ќе го искористат да го следат осминафиналниот дуел меѓу Македонија и Португалија од Мундијалот во Скопје.