МВП на 4. коло во Супер машката лига: Иван Тасески (Охрид)

Екипите на Охрид и на Струга израмнија на 2:2 во однос на ракометарите на колото во Супер машката лига. Новиот играч на колото доаѓа од редовите на Охрид, а тоа е Иван Тасески кој однесе убедлива победа во бројот на гласовите од читателите на 24 Ракомет.

Тасески освои 55 проценти од вкупниот број на гласови и со 25 проценти повеќе се најде пред Милан Поповиќ од Пелистер кој финишираше како второпласиран.

Ова беше интересно коло во Супер машката лига, а во изборот за играчи од 4. коло покрај Тасески и Поповиќ беа уште и: Филип Кузмановски (Еурофарм Работник), Никола Ивановиќ (Еурофарм Работник), Ивица Илиев (Радовиш), Богдан Панченко (Бутел Скопје) и Златко Мојсоски (Бутел Скопје.

Како изгледа процентуалната разлика меѓу гласовите за играчите кои се најдоа на списокот на ракометари избрани за најдобри во минатото коло од Супер машката лига можете да погледнете во продолжение на фотографијата.

И годинава 24 Ракомет ви овозможува со вашите гласови да го бирате најдобриот играч во секое коло. Досега веќе се избрани најдобрите во првите четири кола и најголем број на гласови дојдоа за играчите на Струга и на Охрид. Затоа во продолжение имате преглед на ракометарите кои досега беа најдобри во првите четири кола, а ова значи и причина за активирање и на фановите на ракометарите од другите клубови.

НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ПО КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Цветан Кузмановски (Струга)

2.КОЛО: Гиорги Дикаминџија (Струга)

3.КОЛО: Крсте Андоноски (Охрид)

4.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)