Мајк Макула со нов договор, останува уште долго во Флензбург

Водечкиот тим во Бундес лигата донесе долгорочна одлука за тренерската позиција. Сегaшниот стратег Маjк Макула кој имаше договор до 2020 година, го продолжи за уште три години со што ќе остане во Флензбург до 2023 година.

Клубот новостите ги презентираше на прес-конференцијата пред натпреварот со Гумерсбах, а Макула го истакна следново:

‚‚Јас и моето семејство се чувствуваме многу пријатно тука во градот Флензбург и целиот регион. За мене Флензбург е нешто повеќе од работодавец или клуб, туку ми стана второ семејство. Во текот на годините кога имав можност да работам како помошник тренер ги доживеав најнезаборавните моменти и успеси. Би сакал да ја продолжам оваа успешна приказна и среќен сум што ќе соработувам со овој одличен тим уште три години. За мене во преден план доаѓа развојот на екипата и заедно сакаме да го направиме следниот чекор‘‘.

Макула својата тренерска кариера ја почна во 2009 година во Нордхорн. Во Флензбург е од 2012 година како помошник тренер, а во 2014 година се стекна со највисока тренерска лиценца Мастер коуч. Откако Љубомир Врањеш го напушти клубот Мајк Макула го презема тренерското место. Сезонава неговиот тим има многу успешни настапи, во Бундес лигата е на првата позиција со само еден пораз. Во Лигата на шампионите се пласираше во четврт-финалето и има можност за пласман на Ф4.