Марија Николиќ го продолжи договорот со ПАОК

Македонската репрезентативка Марија Николиќ го продолжи договорот со актуелниот освојувач на двојната круна во Грција, ПАОК.

Ракометарката што игра на линијата од шест метри, прикажуваше одлични партии во текот на минатата сезона, па беше логично да и биде понудена нова соработка.

Договорот е продолжен на една година, а Николиќ со ПАОК и во следната сезона ќе бидат дел од европските купови.