Маноло Каденас одбра да се врати дома

Маноло Каденас откако доби отказ од Мешков Брест добиваше многу понуди да предводи екипи во неколку земји, сепак тој одбра да се врати во својата земја и од следната сезона ќе го предводи Адемар Леон.

Назначувањето на 64-годишниот стратег на клупата го објави прес службата на клубот, но тоа беше многу кратко и без детали. Најверојатно договорот е со траење од четири години како што беше најавено. Адемар Леон имаше отворена понуда за тренерот да го формира тимот според неговите желби.

Маноло Каденас паралелно ќе изврушува две функции, тренер на Адемар Леон и селектор на репрезентаијата на Аргентина. Прес конференција од шпанскиот клуб се очекува да се одржи во среда кога би требало и официјално да бите претставен новиот тренер на клубот.

Каденас во минатото долго време го има водено Адемар Леон и ова е негово трето враќање во клубот. Првиот пат беше од 1995 до 2007, а вториот од 2012 до 2013.