Манасков, Штербик и Дејвис освоија титула: Веспрем по 26. пат е шампион на Унгарија

Ракометарите на Пик Сегед цела сезона беа на врвот на табелата во шампионатот на Унгарија, одиграа нерешено на реваншот од финалето против Пик Сегед со 27:27, но останаа без титулата која ја бранеа. Веспрем после убедливата победа од 35:24 на првата средба практично го реши прашањето за шампионот, па вториот меч кој се играше во Сегедин беше само формалност. На тој начин Веспрем стигна до 27. круна во историјата на првенството на Унгарија.

Пик Сегед тргна одлично во средбата и дојде до брза предност од 4:1. Со ова најави атак за висока победа, но после само две минути беше 4:4 и тука стана јасно дека Веспрем ќе има противодговор на секоја акција на Пик Сегед. Разликата беше мала, а на сето тоа и домашните рано останаа без Банхиди кој поради груб прекршок мораше да го напушти теренот. Сето тоа влијаеше на играта, па до краот на првото полувреме резултатот остана тесен и на одмор се замина со 14:14.

Во вториот дел Пик Сегед успеа одново да наметне свое темпо и во еден дел од мечот да дојде и до три гола разлика. Сепак, како мечот одеше кон крајот стануваше јасно дека Веспрем ќе се врати и на минута до крајот израмни. Потоа Балог од пенал донесе 27:26, а Тонесен ги постави конечните 27:27.

На оваа средба во составот го немаше Дејан Манасков. Тој на првиот меч доби удар во пределот на бутниот мускул, па веројатно не сакаа да ризикуваат во Веспрем. Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик, пак, на овој меч влезе да одбрани пенал и тоа го направи со успех.

Давид Дејвис имаше одлично расположени ракометари кои беа успешни и знеаја што сакаат во текот на целата средба и без проблеми дојдоа до враќање на круната која лани ја загубија поради само еден гол разлика.