Манасков растури на дебито за Рајн Некар Левен: Фановите уживаа во голедата на Манасков

Дејан Манасков имаше успешно деби во својот нов клуб-Рајн Некар Левен. Репрезентативното крило постигна дури 12 погодоци на хуманитарниот натпревар против екипата на Нојројт, во кој Рајн Некар Левен забележа висок триумф од 46-19, а Манасков покажа дека ќе биде одлично засилувње на “лавовите” за престојната сезона.

Покрај Манасков кој со 12 погодоци беше најдобар стрелец на натпреварот, одлична игра пружија и Енди Шмит со 6, а Ду Риц и Гвардиола постигнаа по 4 гола.