Манасков за 24 Ракомет ТВ: Посакувам финале со Вардар, за сигурно да има Македонец на тронот (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков утре ќе се најде на терен против тимот на Келце и со своите колеги од Веспрем ќе се бори за пласман во финалето. Ова ќе биде интересен дуел, а Веспрем има мала предност со оглед на тоа што  сезонава и на двете средби успеа да го совлада противникот од Полска.

Манасков не криеше дека посакува во финалето противник да му биде Вардар бидејќи така на крајот барем еден Македонец ќе се радува на трофејот.

„Би било навистина убаво ако може да се случи сценариото во финалето да играме против Вардар. Тоа би било прекрасно бидејќи македонски играч сигурно ќе има на тронот во Келн“, коментираше Дејан Манасков за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја видите во видеото во продолжение.