Македонски двобој во ЛШ: Ристовска направи пресврт и ја надигра Саздовска

Репрезентативките на Македонија, Сара Ристовска и Јована Саздовска денеска имаа двобој во Лигата на шампионите и тоа директен бидејќи двете се чуваа една со друга.

Ристовска успеа да се радува на крајот на домашен терен иако во првиот дел подобар беше тимот на Саздовска. Турингер водеше со 12:10 после првите 30 минути, но потоа во продолжението Крим Меркатор имаше многу повеќе од играта и дојде до пресврт и тоа огромен бидејќи на крајот резултатот беше 27:20.

Сара Ристовска имаше одлична игра во второто полувреме и постигна четири гола од пет шута со кои беше трет стрелец во својот тим зад уште една поранешна вардарка Тамара Мавсар (7) и Тјаша Станко (6).

Саздовска не успеа да се наигра покрај Ристовска и имаше само еден шут кон голот на Крим кој го претвори во гол во второто полувреме.