Македонија против Словенија во нов термин, после финалето во Келн

Репрезентациите на Македонија и Словенија нема да играат на 2 јуни од 19 часот како што беше планирано и закажано. Овој термин се подудира со финалето во Келн од Лигата на шампионите во машка конкуренција. Со оглед на тоа што Вардар е во трка по финалето и може в недела на 2 јуни да игра од 18 часот еден од двата убави меча би можело да биде пропуштен. Затоа сега има нов термин за почеток на средбата.

Женската репрезентација на Македонија ќе ја пречека Словенија во „Борис Трајковски“, а почетокот е 20:30 часот. Ова е добро за навивачите бидејќи ќе можат после финалето во Келн да се упатат кон „Борис Трајковски“ и да присуствуваат на еден интересен натпревар на кој Македонија ќе се бори за победа и позитива пред реваншот на 6 јуни во Целје. Овој натпревар ќе се одигра од 20:15 часот.