Македонија останува во Топ 7 најдобри во клупскиот ракомет во Европа

Успесите на Вардар во последните години, но и константното играње на Металург во Лигата на шампионите, како и на Еурофарм Работник во групната фаза од Купот на ЕХФ во сезоната која уште е во тек придонесоа Македонија на клупски план да ја задржи високата позиција. Македонија остана на 7 место што значи дека и во натпреварувачката 2019/2020 ќе нема свои тимови во Челенџ купот.

Ова значи дека Македонија според рејтингот има загарантирано едно место во Лигата на шампионите и три во Купот на ЕХФ. Истото го имаат и Шпанија, Унгарија, Полска и Данска, додека Франција и Германија имаат по едно загарантирано место во ЛШ и по четири во Купот на ЕХФ.

Пад на листата забележаа клубовите од Словенија и од Хрватска, но тие остануваат во групата на тимови кои имаат по еден претставник во ЛШ и Челенџ купот, како и по два во Купот на ЕХФ.

Според актуелниот пласман на табелата во Супер машката лига веќе е јасно дека Вардар оди во Лигата на шампионите, а Еурофарм Работник и Металург во Купот на ЕХФ. Останува да се види кој ќе им се придружи како четвртопласиран на табелата во Супер лигата.

ЛИСТА НА НАЈДОБРИТЕ 16 ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА