Македонија немоќна против Хрватска, претрпе убедлив пораз

Репрезентацијата на Хрватска беше преголем предизвик за Македонија, па и покрај желбите да се дојде до изненадување на крајот бодовите отидоа за „коцкестите“. Тие одиграа натпревар во кој имаа контрола, па мораше рано да се потпише капитулација. На крајот конечните 31:22 беа и превисоки бидејќи според играта Македонија заслужи многу повеќе.

Од стартот мечот беше тежок и со многу тактичко надмудрување. Македонија тргна со седум ракометари во напад во обид да дојде до играчка предност во нападот. Ритамот беше силен, а шанси имаше. Сепак, она што на овој натпревар не одеше беше реализацијата. Голманот Марин Шего беше главната пречка и ракометар кој не може биде совладан во неколку зицер ситуации.

Шего и брзоплетоста на моменти беа клучот што на одмор се замина со негатива од пет гола. Хрватска имаше 16:11 и ова беше резултат кој не даваше многу надежи за продолжението особено поради тоа што противникот имаше расположен голман, но и сојузник во среќата бидејќи сите одбиени топки секогаш завршуваа кај нив.

Продолжението донесе возбудувања. Македонија се доближи на три гола при 15:18, но кога имаше напад за два разлика дојде до грешка. Хрватска знаеше да казни, а таквата игра допринесе одново да се отиде на плус 4, а и плус 5. Имаше уште една шанса да се дојде до негатива од два гола, но повторно без успех, па во продолжение одново разликата отиде на високи пет гола. Како се доближуваше крајот разликата растеше, а тоа го носеше мечот во превисок пораз.

На тој начин се дојде до превисоки девет гола разлика на крајот и 22:31, а на крајот од средбата шанса добија и помладите, но немаше шанси за да се направи нешто повеќе, па мораше да се потпише капитулација.

ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА       31:22 (16:11)

ХРВАТСКА: Шего 1/1 (12 одб.), Стевановиќ, Дувњак 6/9, Степанчиќ 3/6, Вида 1/1, Хорват 2/3, Карачиќ 4/9, Блажевиќ, Штрлек, Муса 3/3, Циндриќ, Мандиќ 4/5, Козина 1/2, Вранковиќ 2/2, Шипиќ 4/5.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 6 мин.

МАКЕДОНИЈА: Ристовски (9 одб.), Митревски, Манасков 6/11, Стоилов 2/5, К. Лазаров 4/6, Чурлевски 0/1, Талески 3/4, Маркоски, Кузмановски 3/4, Танкоски, Георгиевски 1/2, Ф. Лазаров, Крстевски, Поповски 0/1, Пешевски 3/6, Серафимов.

Седмерци: -, Исклучувања: 6 мин.