Македонија нема да ја пречека Грција во Скопје

Репрезентациите на Македонија и Грција својот натпревар од последното коло од квалификациите за ЕП 2020 година како што и претходно беше познато ќе го одиграат на 16 јуни. Терминот за почеток останува ист односно 18 часот, но натпреварот нема да се игра во Скопје.

Место во салата во СЦ „Борис Трајковски“ натпреварот ќе се одигра во Струмица. Средбата ќе се игра во салата „Парк“ така што ова ќе биде речиси слично како и при гостувањето на Македонија во Грција. Натпреварот ќе се игра во близина на границата, а салата „Парк“ има помал капацитет од оној што го има во „Борис Трајковски“.

Без разлика на тоа што дојде до промена ова сигурно нема да биде поголем проблем бидејќи Македонија ќе биде фаворит каде и да се игра натпреварот.

Претходно на 12 јуни, Македонија ќе гостува во Турција, а ќе игра натпревар во Ескишехир. И на овој дуел исто како против Грција се очекува победа на Македонија.