Македонија за разделба на Пасквал и Романија

Уште пред почетокот на бараж дуелот селекторот на Романија, Чави Пасквал со резерва во своите изјави навестуваше дека Романија не е на врвно ниво кога во прашање е европскиот ракомет. Тие негови ставови и недовербата во избраниците во својата селекција ја добија својата кулминација по завршување на двомечот со Македонија. Шпанецот на прес-конференција истакна дека продолжува но само како тренер на Барселона екипа со која го продолжил договорот.

300x250

„Навистина ми е тешко што се повлекувам. Го продолжив договорот со Барселона и нема да можам да им се посветам подеднакво на обврските во репрезентацијата и во клубот. Можеби немавме онакви резултати какви се очекуваа од нас, но сигурен сум земјата е горда на нив. Им благодарам и на сите од мојот стручен штаб, бидејќи не е лесно да се работи со мене. “ изјави Пасквал.