Македонија ги дозна противниците во квалификациите за ЕП 2020

Сениорската машка ракомeтна репрезентација ги дозна своите противници на патот до пласманот на ЕП 2020 чии домаќини од 10 до 26 јануари ќе бидат Австрија, Шведска и Норвешка.

Предмалку во Трондхајм, Норвешка беше извршена ждрепката за квалификациите за пласман на ЕП 2020 , а таа сакаше македонските ракометари да играат во групата  3  каде за противници ги добија репрезентациите на  Турција, Исланд и  Грција.  Токму овие три репрезентации ќе бидат пречката за “црвено-жолтите”на патот кон едно од двете места во групата кои носат директен пласман на ЕП 2020.

ГРУПА 3

Македонија, Исланд, Турција, Грција

Квалификациите започнуваат во периодот помеѓу 24 и 28 октомври 2018, а последното коло ќе биде одиграно во периодот помеѓу 12 и 16 јуни 2019 година.

.