Македонија втора година по ред без тим во женската Лига на шампиони

Македонија втора година по ред нема да има свој претставник во женска конкуренција во Лигата на шампионите, откако нашиот првак Металург не се пријави за најелитното натпреварување и ќе игра во ЕХФ Купот.

Европската ракометна федерација нема да има многу проблеми при распределбата на места во оваа конкуренција со оглед на тоа што доби вкупно 24 пријави за 16 места.

Дел од шампионите ќе добијат директно место во групната фаза, а дел заедно со оние што бараат вајлд-карта ќе мора да играат квалификации.

Пријавени тимови шампиони:

Подравка Вегета (Хрватска)
Бањик Мост (Чешка)
Есбјерг (Данска)
Рокаса Гран Канарија (Шпанија)
Мец (Франција)
Битигхајм (Германија)
Ѓер (Унгарија)
Будуќност (Црна Гора)
Виперс (Норвешка)
Лублин (Полска)
Валчеа (Романија)
Ростов Дон (Русија)
Крим (Словенија)
Јагодина (Србија)
Савехоф (Шведска)
Кастамону (Турција)

Пријавени тимови за вајлд-карта:

Оденсе (Данска)
Брест (Франција)
Турингер (Германија)
ФТЦ (Унгарија)
Шиофок (Унгарија)
Ерд (Унгарија)
Сторхамар (Норвешка)
ЧСМ Букурешт (Романија)