Македонецот ќе игра еден ранг погоре: Тоше Ончев потпиша за Вернон!

По една одиграна сезона во францускиот третолигаш Вернуј, каде остави одличен впечаток и беше меѓу најдобрите стрелци, Тоше Ончев ќе има нов предизвик во кариерата.

22-годишниот лев бек, што може да покрие и на плејмејкерската позиција, потпиша едногодишен договор со второлигашот Вернон, со можност да биде продолжен на уште една сезона.

Ончев потекнува од тимот на Вардар Јуниор, а беше дел и од првиот тим на Вардар кога овој состав беше предводен од Раул Гонзалес.