Македа за 24 Ракомет ТВ: Во Скопје ги доживеав најубавите моменти во кариерата (ВИДЕО)

Утревечер екипата на Вардар го пречекува составот на ПИК Сегед во рамки на четврт-финалето од Лигата на шампионите. Ов е првиот дуел од двомечот така што ќе биде навистина интересно пред полните трибините во СЦ „Јане Сандански“.

Еден од двајцата играчи за кои утревечер се очекуваат аплаузи и големо благодарам за она што го направија за Вардар во минатите години е и Хорхе Македа. Десниот бек доаѓа во Скопје сега како играч на Пик Сегед, но и тој како и сите други кои го напуштија Вардар имаат само убави зборови за Скопје, за Вардар, но и за навивачите на „црвено-црните“.

„Очекувам убав пречек. Знам дека навивачите на Вардар секогаш прават одлична атмосфера и огромен притисок за противникот. Се надевам дека малку ќе ми попуштат на мене. Драго ми е што сум повторно тука бидејќи во Скопје живеев три години и тука ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера. Сепак, се надевам дека ќе победиме утревечер“, изјави Македа за 24 Ракомет ТВ.

Комлетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.