Магија: Кога Манасков и Штрлек се заедно на терен!(ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков го одигра петтиот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона. Со својот Веспрем триумфално заминува од Монпелје каде во драматична завршница успеа да ги сочува бодовите.

Дуелот меѓу актуелниот европски првак и унгарскиот вицеправак беше и официјален деби натпревар за тренерот Давид Дејвис во Лигата на шампионите. Некогашниот помошник на Раул Гонзалес од составот на Вардар, доби шанса да го покаже својот тренерски потенцијал како замена за Љубомир Врањеш на клупата на Веспрем. Шпанскиот стратег уште од самиот почеток направи измени во составот на својот тим, а она што остави најголем впечаток беше улогата на македонскиот репрезентативец. Дејан Манасков ги одигра првите триесет минути на својата позиција, но во второто полувреме го замени Мануел Штрлек, а Манасков се пресели на спротивната страна како десно крило. Манасков имаше и обид кон голот на Монпелје, кој заврши со одбрана на противничкиот голман. Сепак она што го одбележа овој дуел беше цепелинот меѓу двете леви крила на Веспрем.

Како се снајде Манасков во новата улога можете да погледнете во продолжение.