Лојаница за 24Ракомет ТВ: Им кажав во Веспрем дека Вардар оваа сезона ќе биде шампион (ВИДЕО)

Едно од лицата што врши голема работа во тимот на европскиот шампион Вардар, а не е доволно познато за јавноста е Марија Лојаница.

Станува збор за кондицискиот тренер на Вардар, кој работеше и со женскиот, а сега и со машкиот тим од „црвено-црното“ семејство.

Таа од лето се сели токму во големиот ривал кој беше совладан во финалето, Веспрем. На шега им рекла на Унгарците дека ќе мора да почекаат до следната сезона, бидејќи оваа Вардар ќе стане првак. Така и се случи.

„Им реков на Унгарците дека ќе мора д апочекаат до следната сезона да станат прваци, кога јас ќе се преселам таму, бидејќи оваа сезона Вардар ќе биде. Па така и се случи и ќе ми биде многу тешко да си заминам“, вели Лојаница за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…