Литванија и се одмазди на Романија, Чешка стигна до значаен триумф

Репрезентацијата на Литванија стигна до првите поени во квалификациите за Европското првенство. На свој терен тие ја совладаа Романија со 24:23 и воедно се одмаздија за поразот од пред неколку дена. До слична одмазда дојде и Чешка која ја порази Белорусија со 26:24.

Литванците беа силно мотивирани пред својата публика. И покрај тоа што беше тешко, цврсто и неизвесно, „зелено – жолтите“ стигнаа до минимален триумф, а имаа иницијатива во текот на целиот дуел. Ќе биде многу тешко, но и двете репрезентации имаат некакви шанси за пласман на Европското првенство.

Дербито на денот беше меѓу Белорусија и Чешка. Во него до победа стигнаа Чесите кои сега се први во својата група. Во Минск, гостите имаа повеќе од играта, но не успеваа да се одлепат. Тоа им појде од рака во последните три минути од средбата.

Во групата каде што се Чешка и Белорусија сериозен конкурент е БиХ која ја чека мегдан со Финска. Во случај да победи ќе се изедначи на врвот со Чесите. Литванија и Романија се убедливо најслаби репрезентации во групата во која се наоѓаат и Португалија и Франција.