Лидерот падна во Куманово: Денковски го сруши Астраион

Во 8. коло од Првата лига во плеј-аут натпреварувањето, Куманово на домашен терен го пречека составот на Астраион од Струмица. За лидерот на табелата ова беше тешко гостување на кое не успеа да запише бодови. Куманово го доби натпреварот 31:27.

Гостите добро го започнаа мечот и успеваа да се одржат во водство до средината на рпвиот дел кога Куманово израмни на 9:9. До крајот на првите 30 минути со добра игра домашните стигнаа до водство. На полувремето Куманово имаше предност 16:14.

Во вториот дел струмичани беа во игра десетина минути до 21:19, но тогаш на сцена стапија искусните Миладиновски и Тасевски, кои погодија кога најмногу требаше и Куманово се одлепи на 28:22. До крајот се одигра рутински за победа од 31:27.

Најдобри стрелци кај домаќинот беа Новица Денковски со девет голови и Влатко Тасевски со седум погодоци, додека кај Астраион се истакна Стојан Стојанов со шест погодоци.