Лига на шампиони: Првакот на нови маки против Веспрем со Давид Дејвис

Денеска и утре следуваат пресметките од 5. коло во Лигата на шампионите во машка конкуренција каде се очекуваат нови интересни дуели на кои многу работи ќе станат појасни во најсилното клупско натпреварување во Европа.

Ситуацијата е сосема јасна и во двете групи, а таму носителите се лидери со максимални осум бода.

Новите дуели носат возбудувања особено во групата А каде ќе има две интересни средби денеска. Во Мешков гостува Барселона, додека кај актуелниот првак доаѓа Веспрем со новиот тренер Давид Дејвис.

Тука утре се игра средбата меѓу Келце и Вардар која ќе го привлече до максимум вниманието на публиката во Македонија.

Што се однесува до групата Б таму ПСЖ има гостување во Данска, додека вториот тим со максимален број на бодови, Пик Сегед е домаќин на Флензбург. Жарко Пешевски го пречекува Лино Червар и ППД Загреб, додека Кире Лазаров со Нант е домаќин на екипата на Целје.

Ова во секој случај ќе биде интересен викенд во Лигата на шампионите во кој се очекува „црвено-црните“ утре да дојдат до нови бодови.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, МАЖИ

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

ГРУПА А

РАЈН НЕКАР – КРИСТИЈАНШТАД        36:27

САБОТА, 13.10.2018

16:00ч

МЕШКОВ БРЕСТ – БАРСЕЛОНА

17:30ч

МОНПЕЛЈЕ – ВЕСПРЕМ

НЕДЕЛА, 14.10.2018

17:00ч

КЕЛЦЕ – ВАРДАР

ТАБЕЛА: 1. Вардар 8 бода (116:101); 2. Барселона 6 (144:115); 3. Рајн Некар 6 (163:152); 4. Келце 6 (124:118 …

ГРУПА Б

НЕДЕЛА, 14.10.2018

16:50ч

СКЈЕРН – ПСЖ

17:00ч

ПИК СЕГЕД – ФЛЕНЗБУРГ

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – ППД ЗАГРЕБ

19:00ч

НАНТ – ЦЕЛЈЕ

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 8 бода (135:105); 2. Пик Сегед 8 (119:106); 3. Скјерн 5 (122:125); 4. Флензбург 4 (114:109)…

ГРУПА Ц

САБОТА, 13.10.2018

15:00ч

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – МЕТАЛУРГ

БЕШИКТАШ – БЈЕРИНГБРО СИЛКЕБОРГ

18:00ч

ТАТРАН ПРЕШОВ – СПОРТИНГ

ТАБЕЛА: 1. Бјерингбро 6 (131:111); 2. Спортинг 6 (122:110); 3. Татран Прешов 6 (110:98); … 6. Металург 0 (97:126).

НЕДЕЛА, 14.10.2018

ГРУПА Д

САБОТА, 13.10.2018

17:30ч

ВАКЕР ТУН – АДЕМАР ЛЕОН

НЕДЕЛА, 14.10.2018

18:10ч

ЕЛВЕРУМ – РИХИМАЕН КОКС

20:00ч

ДИНАМО БУКУРЕШТ – ВИСЛА ПЛОЦК

ТАБЕЛА: 1. Висла Плоцк 6 бода (122:97); 2. Динамо Б. 6 (121:120); 3. Адемар Леон 5 (102:101)…