ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Лејно и Кузнецова и годинава на Ф4 во Будимпешта

На завршниот турнир во Лигата на шампионите се пласираа тимовите кои победија уште на првите пресметки од четврт-финалето. Ростов Дон (Русија), Ѓер (Унгарија), Кристијансанд (Норвешка) и Мец (Франција) годинава ќе се борат за трофејот. Тие со две победи ги решија пресметките со своите ривали така што немаше дилеми кој ќе игра во полуфиналето во Будимпешта.

Ова значи дека две ракометарки кои лани играа на Ф4 со Вардар и годинава ќе бидат на фајнл-фор турнирот кој на 11 и 12 мај ќе се одржи во Будимпешта.

Амандин Лејно со Ѓер и Полина Кузнецова со Ростов Дон ќе бидат во битка за трофејот, а каков ќе биде нивниот пат до тронот ќе се знае во текот на следната седмица.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ (РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ)

РОСТОВ ДОН – Фтц Раил Карго               33:22 (29:26)

Абинг 7, Макеева 4, Манагарова 4 – Хафра 7, Клујбер 3, Ковачич 3

ЃЕР – Одензе    33:21 (29:28)

Аморим Талеска 7, Пинтеа 4, Боди 3 – Офтедал 5, Халд 4, Киндбол 4

КРИСТИЈАНСАНД – Будуќност                25:18 (24:19)

Суланд 6, Кристијансен 4, Рејстад 4 – Грбиќ 4, Ласло 4, Булатовиќ 3

МЕЦ – Чсм Букурешт   23:22 (31:26)

Ноканди 6, Флипес 5, Канор 2 – Лекиќ 5, Мехмедовиќ 4, Омореги 4

* Во заграда се резултатите од првите пресметки

* Со големи букви се тимовите кои обезбедија пласман на Ф4 турнирот на 11 и 12 мај во Будимпешта.