Лига на шампиони: Кил му зададе голем удар на Веспрем, Барса покажа доминација

Натпреварите од 2. коло кои беа на програмата денеска донесоа интересни резултати, а финалистите од Супер Глоуб турнирот, Барселона и Кил покажаа квалитет. Успеаја да стигнат до победи со што потврдија дека сезонава се конкуренти за место во Келн.

Кил имаше тешко гостување кај составот на Веспрем и дојде до голем триумф. Ова беше очекувано тежок натпревар, но победата ја однесоа гостите кои знаеја како да се снајдат на гостувањето во Унгарија.

Што се однесува до Барселона после поразот во 1. коло од Пик Сегед, сега успеа да стигне до голем триумф против екипата на Целје со што се врати во колосек.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – МАЖИ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА А

ФЛЕНЗБУРГ – ЕЛВЕРУМ              26:19

Сван 6, Јоханесон 5, Гоља 4 – Гудјонсон 7, Хенеберг 3, Сандел 3

БАРСЕЛОНА – ЦЕЛЈЕ     45:21

Циндриќ 8, Фабрегас 5, Томас 5 – Силва да Боргес 5, Макуц 4, Лебан 3

НЕДЕЛА, 22 СЕПТЕМВРИ

16:50ч

АЛБОРГ – ППД ЗАГРЕБ

19:00ч

ПСЖ – ПИК СЕГЕД

ТАБЕЛА: 1. Флензбург 4 бода (51:43); 2. Барселона 2 (73:52); 3. Алборг 2 (34:24); 4. ПСЖ 2 (37:29); 5. Пик Сегед 2 (31:28); 6. ППД Загреб 0 (29:37); 7. Елверум 0 (43:60); 8. Целје 0 (45:70).

ГРУПА Б

ВЕСПРЕМ – КИЛ   31:37

Нилсон 5, Јахија 5, Благотиншек 5 – Рајнкинд 8, Билик 7, Пекелер 7

МЕШКОВ БРЕСТ – МОНПЕЛЈЕ          25:27

Ѓукиќ 6, Паниќ 6, Кулак 3 – Ричардсон 7, Дескат 4, Порт 4

НЕДЕЛА, 22 СЕПТЕМВРИ

17:00ч

ВАРДАР – ПОРТО

20:00ч

КЕЛЦЕ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ

ТАБЕЛА: 1. Кил 3 бода (67:61); 2. Веспрем 2 (71:65); 3. Вардар 2 (33:31); 4. Порто 2 (27:25); 5. Монпелје 2 (58:58); 6. Келце 1 (30:30); 7. Мешков Брест 0 (50:54); 8. Мотор Запорожје 0 (28:40).

ГРУПА Ц

САВЕХОФ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК      25:24

Карлсон 5, Сунајко 5, Берлин 3 – Јотиќ 8, Ѓукиќ 4, Маџовски 3

БИДАСОА ИРУН – КОКС     34:19

Забала 5, Саизар 4, Одриозола 4 – Ронберг 5, Пуљизовиќ 4, Луканчук 2

СПОРТИНГ – ТАТРАН ПРЕШОВ         32:24

Карол Марцо 5, Фраде 4, Руесга 4 – Урбан 6, Муњоз 5, Рабек 4

ТАБЕЛА: 1. Бидасоа Ирун 4 бода (59:42); 2. Спортинг 4 (62:53); 3. Савехоф 4 (55:49); 4. Еурофарм Работник 0 (53:55); 5. Татран Прешов 0 (47:57); 6. Кокс 0 (44:64).

ГРУПА Д

ДИНАМО БУКУРЕШТ – КРИСТИЈАНШТАД         28:25

Асолтанеи 6, Алуини 5, Банур 4 – Хален 5, Хринц 4, Гудмундсон 4

ВИСЛА ПЛОЦК – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН 27:23

Штенмалм 5, Михиќ 4, Игропуло 3 – Фримел 4, Бељански 3, Чазар 3

НЕДЕЛА, 22 СЕПТЕМВРИ

15:10ч

ГОГ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ

ТАБЕЛА: 1. Динамо Букурешт 3 бода (56:53); 2. ГОГ 2 (33:24); 3. Висла Плоцк 2 (50:48),  4. Чеховски медведи 2 (25:23); 4. Кадетен Шафхаузен 1 (51:55); 6. Кристијанштад 0 (49:61).