Лејно за 24Ракомет: Веќе не сум „црна овца“

По три неуспешни обиди да се пласира во финалето на завршниот турнир, и по два неуспешни обиди да се совлада Ѓер во финалниот натпревар, голманката Амандин Лејно ја освои првата титула во Лигата на шампионите.

„Им реков на девојките дека сум среќна што веќе не сум црната овца во тимот. Среќна сум што конечно успеав да ја освојам Лигата на Шампионите, иако историјата се повтори и уште еднаш имавме тежок натпревар кој заврши само со еден погодок разлика. Едноставно некогаш треба да имате среќа за коцките да се поклопат и натпреварот да заврши во ваша полза. Не жалам за ништо со Вардар и тоа што го имавме беше посебно иако никогаш не успеавме да го освоивме првото место во Лигата на Шампионите. Некогаш се работи само за еден погодок и денес ние имавме повеќе шанси и навистина сум среќна и горда што во првата сезона во Ѓер успеав да освојам три титули“, изјави Лејно за 24Ракомет.