Ласло Наѓ, Момир Илиќ и Роланд Миклер се простија од навивачите во Веспрем

Веспрем го декласираше Пик Сегед во првиот натпревар од финалето во плеј-офот во Унгарија. Како домаќин Веспрем славеше многу убедливо 35:24, а три легенди на тимот го одиграа последниот меч пред домашната публика.

Ласло Наѓ, Момир Илиќ и Роланд Миклер го одиграа последниот натпревар во арената во Веспрем, а со оглед на тоа што забележаа многу важна победа, од навивачите се простија на вистински начин. По завршувањето на мечот со ПИК Сегед сите тројца имаа краток говор да се поздрават со навивачите кои ги подржуваа долги години.

Наѓ од следната сезона ќе работи во управата на клубот, а Илиќ ќе биде помошник на Давид Дејвис. Голманот Миклер наредната сезона се враќа во клубот од каде што пристигна во Веспрем. Тој наредната сезона ќе го чува голот на ПИК Сегед.