Ландин го презеде приматот кај голманите

Откако Борко Ристовски вчера одмораше против репрезентацијата на Шпанија дојде до измена на Топ 10 листата кај голмани со најмногу одбрани. Ристовски остана на 34 интервенции и со нив е на делба на 7. место.

Сепак, денеска останува шанса за Ристовски да ја поправи својата позиција и да го зголеми бројот на одбраните со оглед на тоа што следува средба против Исланд каде би требало да се врати на голот.

Инаку, на првото место е Никлас Ландин од Данска. Тој има 51 процент на успешност на одбранети удари, а собра дури 43 одбрани. Една одбрана помалку има Андреас Волф од Германија, но неговиот процент на успешност е 39.

ЛИСТА НА ГОЛМАНИ СО НАЈМНОГУ ОДБРАНИ

ТОП 10 (ПОСЛЕ 4. КОЛО)

43 – Никлас Ландин (Данска)

42 – Андреас Волф (Германија)

38 – Бјоргвин Густавсон (Исланд)

38 – Роланд Миклер (Унгарија)

35 – Еспен Кристенсен (Норвешка)

35 – Винсент Жерард (Франција)

34 – Борко Ристовски (Македонија)

34 – Андреас Паличка (Шведска)

33 – Торбјорн Бергеруд (Норвешка)

33 – Марин Шего (Хрватска)