Лазаров не се предава, во трка е со Енди Шмид за најдобар стрелец

Со трите бода освоени на двете средби против Исланд репрезентацијата на Македонија се најде во подобра позиција од својот ривал односно има подобар меѓусебен дуел и тоа дава убава предност пред завршните пресметки во квалификациите во јуни против Турција и Грција.

После четири кола интересна е трката и за најдобар стрелец меѓу ракометарите, а таму во самиот врв е и капитенот на Македонија, Кирил Лазаров.

Тој има 30 погодоци на четирите дуели со што остана на делба на 2. место, но за разлика од претходната рунда сега е во друштво на Уве Генсхајмер.

Пред него се наоѓа само Енди Шмир од Швајцарија. Ракометарот на Рајн Некар има 33 гола и уште е лидер на стрелците во квалификациите за ЕП.

Со оглед на тоа што остануваат уште два меча останува простор за уште промени на врвот на листата.