„Лавовите“ капитулираа на домашен терен: Се врати Дувњак, се вратија победите за Кил

Екипата на Рајн Некар Левен за која настапува Филип Талески, вечерва го забележа првиот пораз во Бундес лигата. Екипата на Кил за која после враќањето, Домагој Дувњак игра одлично, го совлада Рајн Некар со 27:24.

Двете екипи влегоа цврсто и сериозно во овој натпревар сакајќи да ја наметнат својата игра. Во првиот дел таквото нешто подобро им одеше на домаќините кои на полувреме заминаа со мала предност од 12:11.

Кил како препороден се врати во вториот дел и на самиот старт направи серија од 0:5 со што си обезбеди позитива која ја одржуваше до самиот крај.

Харалд Рајнкинд беше најдобриот поединец кај Кил со постигнати шест погодоци од шест обиди, додека нашиот репрезентативец, Филип Талески не доби можност за игра на денешниот натпревар. Неговите соиграчи Енди Шмид и Јаник Колбахер постигнаа по шест погодоци со што беа најефикасни во составот на Рајн Некар.