КУП НА ЕХФ: Кил не дозволи изненадување, ќе се бори за трофејот

Домаќинот на завршниот турнир во Купот на ЕХФ, екипата на Кил, не дозволи изненадување во првото полуфинале против данскиот тим Холстебро.

Данскиот тим водеше на стартот 3-1, но „зебрите“ брзо се вратија на 3-3, а по 4-4, во текот на првиот дел имаа и предност од четири голови во два наврати. Сепак на пауза, Кил имаше 14-16.

Во вториот дел немаше никакви дилеми околу победникот. Холстебро само еднаш врза два гола во серија, но тоа не беше закана по Кил, кој рутински го приврши мечот за конечни 26-32.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Никлас Екберг со шест голови, а четири постигна Вајнхолд, додека кај данскиот тим се истакна Магнус Браминг со седум.

Противник на Кил во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Фуксе Берлин и Порто.