Куп на ЕХФ: Кил на домашен терен бара шанса за евро-трофеј

Четирите екипи кои сезонава покажаа најмногу во Купот на ЕХФ денеска и утре во Кил ќе се пресметаат во обид да дојдат до титулата.

Кил како домаќин добива најмногу шанси, но ништо не е сигурно така што секој од тимовите има свои шанси. Холстебро е предизвикувачот на „зебрите“, но јасно е дека ова ќе биде дуел на кој никој не смее предвреме да се прогласи за фаворит.

Што се однесува до вториот дуел Фуксе Берлин против Порто ќе се најде во улога на фаворит, но ќе има тешка задача бидејќи ова ќе биде меч во кој ќе има големо надигрување со оглед на тоа што Португалците сезонава одиграа во одличен ритам од првиот до последниот меч.

Инаку, победниците утре од 20:45 часот ќе се соочат во финалето.

Интересно е и тоа што денеска сестрите Бонавентура стануваат првите дами кои ќе делат правда на натпревар од машки Ф4 турнир.

КУП НА ЕХФ – Ф4 ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ

ПЕТОК, 17 МАЈ

18:00ч

ХОЛСТЕБРО – КИЛ

Сала: Шпаркасе Арена во Кил. Судии: Шарлот и Жули Бонавентура од Франција. Делегати: Валери Јаскинс и Мирослав Баум од Полска.

20:45ч

ФУКСЕ БЕРЛИН – ПОРТО

Сала: Шпаркасе Арена во Кил. Судии: Ларс Јорум и Хавард Клевен од Норвешка. Делегати: Николае Визитиу од Молдавија и Георге Бебецос од Грција.

САБОТА, 18 МАЈ

18:00ч

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

Сала: Шпаркасе Арена во Кил. Судии: Артур Брунер и Морад Салах од Швајцарија.

20:45ч

ФИНАЛЕ

Сала: Шпаркасе Арена во Кил. Судии: Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица од Хрватска.