Кумановки го „торпедираа“ голот на Овче Поле

Екипата на Куманово после поразот во Струга својот бес го истури на голот на тимот на Овче Поле откако успеа да го наполни речиси до врв бидејќи беа постигнати дури 46 гола. Куманово победи со 46:17 и дојде до три очекувани бодови со што работите останаа исти како и пред одигрувањето на средбите од 7. коло.

Куманово тргна со 2:0, а откако гостинките го постигнаа првиот гол следуваа дури десет гола во серија и предност од 12:1 со што рано беше одлучен победникот во средбата.

После овие 11 гола разлика до крајот на првиот дел се играше во ист стил, а гостинките постигнаа само пет гола за 30 минути. Во второто полувреме ракометарките од Свети Николе беа нешто поефикасни, но далеку од потребното за да можат да дојдат до добар резултат.

Оттаму рано капитулираа во овој меч и останаа без бодови и на седмиот натпревар во оваа сезона.

КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ    46:17 (27:5)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Гледачи: 250. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје

КУМАНОВО: Наумоска, Дичковиќ, Петковска, Димова 5, Краљевска, Живковска 3, Трајковиќ 12, Ивановска 4, Пеовска 4, Боризовска 2, Петковска 1, Дабевска 1, Кипријановска 13, Радевска 1.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 2 мин.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Мицевска, Ристова, Манева 2, Ристовска, Павловска 2, Костова 4, Јанева, Тодорова 2, Димчева 1, Вучевска 3, Сентовска 3.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.