Кузмановски: Треба да го заборавиме овој пораз, можноста за втора фаза се уште ја имаме

Прв пораз за Македонија на Мундијалот во Германија и Данска од Хрватска со убедливи 31-22. По трумфите над Јапонија и Бахреин, избраниците на Раул Гонзалес загубија од „каубоите“ во натпревар со многу промашени зицери. Филип Кузмановски смета дека шансите за втора фаза се уште постојат.

„Треба да го заборавиме овој пораз, да се подготвивме за следните два меча, можноста за втора фаза се уште е присутна. Промашивме многу зицери во првиот дел, тие направија разлика. Ние сакавме да решаваме седум на шест, не ни исплати денеска тоа, но ќе видиме како ќе биде на следните натпревари“, вели Кузмановски.

Следниот натпревар со Шпанија се игра в среда, додека во четврток на програмата ќе биде се чини решавачката битка со Исланд.