Кузмановски и Металург се разделија, до крајот на сезоната во…

Екипата на Металург и капитенот Филип Кузмановски денеска ја завршија соработката откако спогодбено го раскинаа договорот, па репрезентативниот бек повеќе не е дел од тимот од Автокоманда.

Како што беше познато и претходно Кузмановски побара раскин на договорот со Металург поради тоа што клубот ги немаше исплатено сите плати, а целата ситуација наиде на брза разврска откако денеска дојде до спогодба, па сега ракометарот може да си најде нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

Според информациите тој ќе ја доврши оваа сезона во македонското првенство. Сега после ова најблизу до неговите услуги е екипата од Битола, Е. Работник. Со него во тимот битолскиот клуб ќе биде далеку поконкурентен и на домашна сцена, но и во Купот на ЕХФ каде има одлични шанси за да влезе во групната фаза.

Засега е јасно дека тој повеќе не е ракометар на Металург, а дали Битола е следната дестинација ќе се знае точно за брзо време.