Кристопанс уште сега ја завери титулата спортист на годината во Летонија

Репрезентацијата на Летонија првпат во својата историја ќе игра на Европско првенство, а најзаслужен за тоа е играчот на Вардар, Даини Кристопанс. Со оглед на успесите годинава на ракометниот џин најверојатно ќе му припадне титулата спортист на годината во Летонија. Тој е најзаслужен за пласман неговата репрезентација на Европското првенство во 2020 година и еден од клучните играчи на Вардар во освојувањето на Европската титула.

Од голема помош за Летонците за пласманот на ЕП 2020 беше и одлуката на ЕХФ да го промени форматот од 16 на 24 екипи. Овие измени ЕХФ ги направи со цел повеќе да го поттикне развојот на ракометот откако увиде дека стариот формат не е доволно добар за поголем развој. Ова овозможи некои земји кои претходните години биле многу близу до големо натпреварување, но не успевале сега да го имаат својот деби настап.

Летонија во 2016 година беше на чекор до пласман на Светското првенство откако во баражот со Белорусија имаше вкупен резултат 52:52, но поради повеќе постигнати голови во гости Белорусија обезбеди пласман. Во овој квалификациски циклус во групната фаза на клучниот натпревар против Словенија остварија минимална победа која им овозможи следната година во јануари да учествуваат Европското првенство.

На крајот на годината кога во Летонија ќе се бира најдобар спортист за годината речиси сигурно Даини Кристопанс ќе ја понесе таа титула. Единствено што би можело да го спречи тоа е доколку некој од тенисерите од Летонија освои гренд слем турнир што би било повеќе од сензационален резултат.