Кристопанс и Летонија на чекор до пласман на Европско првенство

На Швајцарците и Летонците добро им оди во квалификациите за Европското првенство. Овие две репрезентации стигнаа до нова победа и се на чекор до пласман на ново големо натпреварување.

Швајцарија успешно на свој терен ја совлада Белгија. Домаќините се наметнаа како големи фаворити и ја имаа предноста во текот на целата средба. Полувремето го добија со 16:11, а во вториот дел нападот на гостите немаше идеја и Швајцарците се радуваа на победа од 36:22. „Црвенo-белите“ со уште еден бод против Србија или Хрватска ќе го потврдат настапот на Европското првенство.

Летонија сосема очекувано ја совлада Естонија. Предводени од вардарецот Даинис Кристопанс, тие славеја со 27:21 и се зацврстија на второто место во својата група со четири поени повеќе од Холандија која ја очекува натпревар против Словенија на гости. Десниот бек даде четири голови.

До крајот на квалификациите овие две селекции имаат уште две средби. Летонија е пред промоција, додека Швајцарија ќе ги чека резултатите на Србите, но и во случај да заврши на третата позиција во својата група имаат реална шанса за влез на континенталниот собир.