Кој друг ако не тој: Милосављев ја има одбраната на сезоната! (ВИДЕО)

И клупската и репрезентативната сезона се веќе зад нас, па може полека да се сумираат постигнатите резултати.

Медиа тимот на ЕХФ објави компилација од најдобрите 20 одбрани на голманите низ натпреварите од Лигата на шампионите.

Од тие 20, четири се на вардаровата голманска двојка, Дејан Милосављев и Калифа Гедбан, а најдобра е онаа на Србинот во финалето од ЛШ против Веспрем кога му одбрани зицер на Благотиншек.

Погледнете…