Костески и Селка завршија со Челинџ купот

Екипата на Селка од Турција влезе амбициозно во новата сезона, но уште во 2. коло заврши со настапите во Челинџ купот. Селка загуби на гостувањето кај Арендал во Норвешка со 29:41, а ова беше доволно за противникот да се пласира понатаму.

На првата средба одиграна во Турција, Селка славеше со 34:28. Норвежаните имаа многу забелешки за пречекот, па сигурно тоа ги мотивираше за победата. Вкупните 69:63 беа и повеќе од доволни за обезбедување на пласман понатаму така што Турците рано завршија со игрите.

Денеска нерешлива загатка за Селка беше Андре Лингбо кој постигна дури 16 гола од 19 обиди. Помош имаше и од Педерсон (7), Видовиќ (6) и Симонсен (6). Костески беше стрелец на два гола, во Селка најефикасен беше Остроушко со осум гола, додека Пешков имаше седум.