Костески и Борозан најдобри на турнирот во Прилеп

После завршувањето на финалето на турнирот во Прилеп, кој заврши со победа на Пролет против Струга беа доделени и поединечните награди за најдобрите.

Десното крило на Струга и кадетски и младински репрезентативец, Ненад Костески ја понесе наградата за најдобар играч на турнирот. Иако не успеа со својот тим да стигне до првото место, сепак, малку недостигаше за да се дојде до трофејот. Затоа, пак, Костески имаше нова забележителна партија и продолжува да настапува во одлична форма.

Што се однесува до наградата за најдобар голман таа заврши кај „чуварот на мрежата“ на Ловќен, Филип Борозан. Младиот голман на тимот од Црна Гора доби предност во однос на другите и беше прв избор за голман на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.