Кокшаров ќе ги собере Русите во Скопје, повикани сите вардарци

Руската репрезентација на 4 јуни ќе ги започне подготовките за квалификациските дуели за пласман на Европското првенство во 2020 година. Русија во последните два меча од квалификациите ќе се сретние со екипите на Италија и Словачка.

Собирот на репрезентацијата ќе биде во Скопје каде што ќе останат да се подготвуваат до 12. јуни. Тренерскиот тим предводен од Едуард Кокшаров покани 18 ракометари во националниот состав меѓу кои се и петте ракометари на Вардар.

Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Дмитри Кисељов, Глеб Калараш и Сергеј Горбок ќе бидат во ростерот за последните два дуела во квалификациите.

Русија дуелот со Италија го игра на 13 јуни на гостински терен, а вториот дуел против Словачка ќе биде одигран 16 јуни во Санкт Петербург. Русите со победа во Италија ќе го потврдат пласманот на Европското првенство.