Кокшаров потврди: Од денеска Калараш е одново играч на Вардар

Селекторот на репрезентацијата на Русија, кој воедно е и спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров ја потврди веста дека пивотот Глеб Калараш и во новата сезона ќе настапува во дресот на Вардар. Тој си замина и потпиша за Мотор Запорожје, но брзо се премисли и најави дека сака и понатаму да го носи дресот на „црвено-црните“.

Синоќа 24Ракомет објави дека Калараш е веќе на пат за Скопје, а денеска Кокшаров во изјава за Ракометната федерција на Русија потврди дека и во новата сезона репрезентативецот на Русија ќе биде дел од Вардар.

„Калараш ќе ја продолжи кариерата во Вардар. Новиот договор е на две години. Од денеска тој почнува да тренира со клубот и можеме да му ќеститаме за неговата одлука“, коментираше спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров.

Ова значи дека Вардар добива засилување пред заминувањето на Супер Глоуб и дека добива одново на цврстина во одбраната така што сега одново изборот на Писонеро се зголемува и во одбраната и ќе има силен тим за натпреварувањето кое ќе се одржи следната недела во Саудиска Арабија.