Кои екипи ќе ја претставуваат Македонија во европските купови

Според ранг листите на Европската ракометна федерација, Македонија во машка конкуренција има можност да пријави еден тим во Лигата на шампионите, како и три во ЕХФ Купот, додека во женска конкуренција, еден во ЛШ, еден во ЕХФ Купот и два тима во Челинџ Купот.

Вардар има загарантирано место во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Работник и Металург побараа вајлд-карти за најелитното натпреварување. Доколку не ги добијат, ќе играат во ЕХФ Купот, а уште еден македонски претставник во овој куп ќе биде тимот на Бутел Скопје.

Има опција и за составот на битолски Пелистер да се пријави во Челинџ Купот, иако според ранкингот не ни следува место во најслабото натпреварување.

Во женска конкуренција нема да имаме претставник во Лигата на шампионите, бидјеќи првакот Металург ќе игра во ЕХФ Купот. Втор наш тим во ЕХФ Купот ќе биде составот на Куманово, кој славеше во Купот на Македонија, додека иако имаше шанса Вардар не се пријави, па единствен претставник во Челинџ Купот ќе биде тимто на Пелистер.

Сите детали за Лигата на шампионите ќе ги дознаеме на 25 јуни, додека за другите купови екипите и ранкинзите ќе бидат познати на почетокот на јули.