Кирил Лазаров: Уште сме за класа подобри од селекциите од Азија

Капитенот Кирил Лазаров после победата над Бахреин имаше свое видување за она што беше направено на теренот и рече дека е многу подобро отколку на првата средба. Секако за разлика од тогаш има причини да биде и позадоволен, па тоа го пренесе и во изјавата.

„Позадоволен сум отколку против Јапонија. Бахреин беше подобар отколку Јапонија. Дури во последните 15 минути добивме можност да одмориме. Имавме добри и лоши моменти. Требаше порано да го решиме натпреварот во наша корист. Имавме голем пад со 0:5, а тоа се работи кои нè загрижуваат. Добро е што тие што ја трошиме минутаата одигравме 35-40 мин“, рече Лазаров.

Ова беше дуел како подготовка за утрешната пресметка со Хрватска, која допрва треба да игра против Јапонија.

„Утре после натпреварот против Хрватска ќе се види најдобро колку можеме. Докажавме дека уште сме класа над тимовите од Азија. Утре е голем испит за нас. Ја препуштаме фаворитската улога на Хрватска. Ќе се подготвиме добро и ќе се бориме до крај. Ние одигравме, а Хрватите ќе мораат сега да трчаат против Јапонците. За младите денов дојде добро бидејќи сите добија 10-15 минути и ова ќе им значи многу до крајот на првенството да бидат уште подобри. Позитивни сме и има добра атмосфера. Го гледавме дуелот Хрватска-Исланд и изненаден сум од Исланд и немаше да биде незаслужено ако ја победеа Хрватска. Не очекуваат добри и неизесни натпревари до крај“, изјави Лазаров.

Утре средбата се игра од 18 часот, а тоа ќе биде првиот ривал за голем тест за оваа селекција на Македонија.