Кирил Лазаров: На вакви натпревари се станува голем играч (ВИДЕО)

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров одработи добра средба против Исланд во Скопје и беше најефикасен со осум погодоци. После натпреварот тој беше задоволен од сработеното.

„Треба да бидеме задоволни од она што беше сработено на втората средба против Исланд. Имавме ситуација да победиме, но и ситуација во која можевме да загубиме со 4-5 гола разлика и тоа многу лесно. Кога сè ќе се собере и одземе во следните два меча ни требаат две победи за да можеме да ја реализираме целта, а тоа е прво место во групата. Ваков тип на натпревари им значат многу на младите играчи како Талески, Кузмановски, Поповски… На вакви натпревари се станува голем играч“, изјави Лазаров.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.