Кил си најде замена за Андреас Волф

После неколку месечната неизвесност за тоа каде ќе ја продолжи својата кариера голманот на Магдебург, Дарио Квенштед, конечно официјално беше објавено дека тој ќе биде нов голман на Кил од почетокот на следната сезона.

Нема да го продолжи договорот со Магдебург кој му истекува следното лето и ќе се префрли во Кил каде ќе се биде поставен на местото на Андреас Волф кој, пак, од следната сезона ќе биде нов член на Келце. Голманот потпиша тригодишен договор со најуспешниот тим од Бундес-лигата кој почнува во јуни 2019 година и трае до 2022.

За Дарио Квенштед оваа одлука е многу емотивна, но сигурен е дека во новиот тим ќе ги покаже своите квалитети.

„Оваа одлука не беше лесна за мене бидејќи бев во можност да уживам во времето поминато во Магдебург. Задоволство ми е што сите страни се јасни околу мојата иднина и мојот следен чекор. До крајот на сезонава фокусот е исклучително на Магдебург, сакам да му помогнам на мојот тим да ги оствари сите цели и сакам да оставам трага во овој клуб“, изјави Дарио Квенштед.

Празнината која ќе ја направи заминувањето на Дарио Квенштед треба да ја покрие шведскиот репрезентативец, Тобијас Тулин кој токму од следната сезона ќе биде нов голман на Магдебург. Станува збор за млад, 23 годишен голман кој досега настапуваше за шведскиот Редбергслинд,а воедно е и трета опција во репрезентацијата после Апелгрен и Паличка.

Овие разврски на трансфер пазарот нема да го намалат квалитетот кој го поседуваат и Кил и Магдебург туку само покажуваат колкава е способноста на германските екипи да наоѓаат експресни решенија за замена на играчите кои си заминуваат.