Кил се збогуваше со Марко Вујин (ФОТО)

Српскиот интернациналец Марко Вујин по подолго време го напушта Кил, оваа информација ја објави веб страницата на клубот со што официјално му се заблагодарија за придонесот во дресот на „зебрите“.

Вујин седум години го носеше дресот на Кил и во тој период три пати стана шампион на Германија, а еднаш го освои Купот. Сезонава Србинот со „зебрите“ се натпреваруваше во ЕХФ купот и го освои трофејот во ова натпреварување. Постојат најави дека е можно кариерата да ја продолжи во Фуксе Берлин.

Српскиот 34-годишен ракометар даде голем придонес во успесите на екипата, а затоа и навивачите не пропуштија да се заблагодарат на Вујин за се што направи за нивниот тим.  На еден од последните натпревари на трибините закачија дрес со бројот 41 со кој настапуваше Вујин, а под него стоеше порака „Ти си еден од нас“. Дресот со број 41 ќе биде повлечен во чест на Марко Вујин што е потврда дека оставил голем печат во Кил.